Мицковски до Рашковски: Со вакви евтини шибицарски финти мандатот на Владата ќе и биде уште пократок

by fokus 21:31
21:31

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и екс директор на ЕЛЕМ, Христијан Мицкоски, негира дека тој го ангажирал адвокатот Дејан Костиќ додека бил во ЕЛЕМ.

Му порача на генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, дека со „вакви евтини шибицарски финти на Владата мандатот ќе и биде уште пократок“.

- Advertising -

-Пред Бога сте се заколнале дека ќе му бидете кум на човекот кој го злоупотребувате за да можете на осуденикот да му се допаднете милиметар повеќе. И јас и Вие сте свесни дека ова што го пишувате е лага и груба злоупотреба на кумашинот чии наследници претпоставувам сте или ќе ги крштевате, јас ќе Ви простам, но не знам дали и тој ќе го стори истото. Колега Рашковски, за време на упадот од страна на кумашинот Ваш, со документ во рака и овластување од Владата, овозможив цивилизирано примопредавање на управувањето на компанијата која нешто помалку од една година ја водев. Како правник и професор треба да знаете дека за да биде завршен уписот во централен регистар на новите членови на надзорниот одбор, потребно е мислење и овластување од овластеното лице (а во тој момент тоа бев сеуште јас д-р Христијан Мицкоски) што ќе го врши уписот, а за сопственикот на ЕЛЕМ (Владата на РМ) во тој момент, тоа лице беше Вашиот кумашин. Ги потпишав мислењето и овластувањето и работата се заврши. Документите се архивирани на денот кога престана мојот ангажман во ЕЛЕМ. Ниту сум го ангажирал Вашиот кумашин ниту адвокатската куќа која е именувана во новинарското писание, а од Ваша страна невешто злоупотребена, вели Мицковски.

 

Поврзани новости