Мицкоски: Законот за ЈО е продолжување на легализираниот криминал на СЈО

by fokus

Нашите црвени линии се закон кој е во согласност со Уставот, применлив и ќе обезбеди независност на обвинителството и непристрасна борба против криминалот. Ако се на ова подготвени СДСМ може да се изгласа законот веднаш, вели лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски во интервју за Прес 24, прашан дали има можност новиот закон за јавно обвинителство да биде изгласан пред распуштање на Парламентот.

– Нека бидат искрени и да кажат дека законот за обвинителство го носат за амнестија на Заев. Тие сакаат и понатаму да постои една Рускоска која ќе обвинува на повик од Заев, Јовески кој ќе заштитува и Кацарска која ќе суди. Па токму за неа гледаме како сведочат дека ургирала за предмети, за судијката Дика како има обвинувања дека перела пари и за целокупната останата болумента на Заев во судството која е корумпирана до гуша. Овој закон на СДСМ е да се продолжи уривањето на правниот систем кој сака да го прави Заев. Е тоа нема да помине. Законот е проитвуставен, во спротивност со кривичниот закон, не обезбедува борба против корупцијата, туку заштита на криминалот, и ќе значи само продолжување на легализираниот криминал на СЈО во формата на ОЈО. Нашите црвени линии се закон кој е во согласност со Уставот, применлив и ќе обезбеди незавинсост на обвинителството и непристрасна борба против криминалот. Ако се на ова подготвени СДСМ може да се изгласа законот веднаш, наведува Мицковски.

Политичките партии кои имаат забелешки на Предлог-законот за јавно обвинителство до денеска напладне треба да поднесат амадмани, по што најверојатно в понеделник ќе се одржи нова средба во поширок состав, на која ќе се разговара за тоа кои амандмани се прифатливи.

Поврзани новости