Мицкоски: Законот за јазиците е правна дивоградба, ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе амандмани

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе амандмани на Законот за употреба на јазиците кои пред сѐ ќе ги содржат забелешките на Венецијанската комисија и ќе бидат во согласност со Уставот на Македонија. Еден неуставен закон да го направиме уставен, но духот на европските практики содржани во забелешките на Венецијанската комисија, никој да не се чувствува дискриминиран, најавува претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

– Преку законот за јазици Заев сакаше да ги прелаже Албанците и да добие глас повеќе, рече на денешната прес конференција лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Како што рече Мицкоски, Законот за употреба на јазиците е правна дивоградба и најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи амандмани, согласно со забелешките на Венецијанската комисија, со цел законот да стане усогласен со Уставот.

Тој го повика премиерот Зоран Заев и неговата коалиција да ги поддржи овие амандмани, во спротивно тие ќе го одберат популизмот. Венецијанската комисија доцна попладвено се очекува да го објави извештајот со препораки за законот за употреба на јазиците, кои неколку дена различно се толкува од политичките партии..

Поврзани новости