Мицкоски: Заев правеше лажна и морбидна пропаганда, си играше со чувствата на родителите на убиените деца на Смилковско езеро

by Fokus 16:50
16:50

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Хрстијан Мицкоски го обвини премиерот Зоран Заев за лажна и морбидна политичка пропаганда и за изживување со тажните судбини на родителите на децата убиени кај Смилковското Езеро пред шест години на Велики четврток, на 12 април.

„Во изминатиот период премиерот Заев и СДСМ водеа приземна кампања на ниски страсти при што во таа црна кампања играа со чувствата на родителите на убиените деца од Смилковско Езеро. Вистината овие денови излегува на виделина. Ништо не може да биде сокриено, а со тек на време ниските удари и сопствената црна кампања на Заев стануваат неговиот најголем противник. Таа кампања алудираше дека можеби друг е виновен за убиствата, и дека премиерот Заев ја знае вистината. Откако дојде на власт, единствено што се смени е што осомничените и веќе еднаш осудени, се вратија на одново судење. А вчера и самите родители потврдуваат дека осудените лица чии случаи се на повторно судење се оние кои се, според нив и вистинските виновници, но и слушнавме како истите тие комуницирале со луѓе кои се дел од структурите на власта. Бидејќи велеше дека се знае, сега испаѓа дека премиерот Заев крие докази и попречува правда. Ова е гласно и јасно изживување со тажните судбини на родителите и со целата јавност правејќи лажна и морбидна политичка пропаганда, вели Мицкоски.

 

Поврзани новости