Мицкоски: Заев ми нудеше влез во Владата за да го прифатам Договорот со Грција

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во Битола рече дека премиерот Зоран Заев му нудел влез во Владата и пет министерства во замена за прифаќање на Договорот со Грција.

-Нас не нè интересира криминал и ние ако лежиме затвор ќе лежиме за Македонија и идеалите, а не за криминал. Заев е нечестит човек и одлучи на едно интервју да ме клевети дека немало да прави коалиција, техничка Влада со мене. Во јули, надвор имаше 38 степени, повторно бевме во клубот на пратеници. Се гледавме очи во очи, преговаравме и после 5 часа ми рече: „Ајде еве ти влези во Владата и бирај кои сакаш 5 министерства. Само прифати го Договорот“. Ти одговорив: „Мојот образ и достоинство немаат цена. Ова не го работам ниту за пари, ниту за моќ. Не ми треба твоето милосрдие. Уживај во твојата слава, уживај во твоите привилегии затоа што знам дека за пусти пари се работи, за ништо друго, рече Мицкоски.

Поврзани новости