Мицкоски: Заев ќе биде оставен сам на себе, затоа не го пуштаат да излезе на дуел

by fokus

Продолжуваат партиските препукувана помеѓу лидерите на двете најголеми политички партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Денеска, премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев се согласи на дуел, но само во оној момент кога првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе каже дека е против бојкот.

На тоа, реагираше и претседателот на опозицијата, Мицкоски на својот профил на Фејсбук.

„Ќе му кажам на крајот од дуелот на Заев што мислам за бојкотот, тој само треба да се охрабри, да не бега од вистината и да прифати дебата.
А ако се плаши и си бара изговор тоа е типично за човек што знае да витка кичма и да се однесува недостоинствено кон сопствениот народ плашејќи се да се соочи со вистината, а вистината е национално понижување, колективен грабеж, лаги и безидејност. На дуелот нема да може да дојде медиумската армадила под контрола на власта, ќе ги нема ниту оние партиски ширачи на невистини кои секојдневно парадираат лажно креирајќи розева слика, ниту пак некој од надвор ќе може да го брани, тој ќе е оставен сам на себе. Веројатно затоа не го пуштаат да излезе на дуел“, напиша Мицкоски.

Поврзани новости