Мицкоски: Заев е спремен пред заминување да потпише нов договор со Бугарија

by fokus 19:39
19:39

Премиерот во заминување, Зоран Заев е подготвен да потпише нов договор со Бугарија пред да ја напушти функцијата, тврди лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Информациите коишто ги добиваме се навистина алармантни. Зоран Заев во заминување е подготвен да потпише нов договор, иако не убедуваше дека ги решил сите прашања со нашите соседи, во којшто делумно или целосно ќе ја прифати резолуцијата усвоена од бугарскиот Парламент во ноември месец 2019 година ако не се лажам. Тоа претставува комплетно асимилирање на македонскиот народ и директен удар врз идентитетот на македонскиот народ. Бидејќи е во заминување, загрижен сум дека може да го направи овој потег на самото заминување, а последиците понатаму сите ние да ги плаќаме, рече Мицкоски.

Тој вели дека неговата порака до бугарските власти е дека партијата нема да поддржи, како што вели, едностран договор на влада којашто е без кредибилитет.

-Ние како ВМРО-ДПМНЕ немаме намера да го почитуваме затоа што тоа ќе значи директен удар врз идентитетот на македонскиот народ и директен удар со цел асимилирање на македонскиот народ. Нешто што нема никаква врска со вредностите на 21 век и нема никаква врска со вредностите на Европската Унија, рече Мицкоски.

 

Поврзани новости