Мицкоски за законот за јавно обвинителство: Ако треба да се одржи средба ради реда, немам намера да го губам времето

by Fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за јавното обвинителство рече дека треба да произлезе од европски, реформски закон, претходно усогласени ставови на работните групи, а дури потоа да се свикува лидерска средба.

– Ова што е предложено од СДСМ е закон што треба во иднина да ги штити криминалните структури на СДСМ што после 12 април ќе заминат во опозиција. Така што ако треба да се одржи средба само ради реда, немам намера да го губам времето. Тука се работните групи, во неделата што следи претпоставувам дека ќе имаат состанок и доколку ги приближат ставовите тогаш можеме да зборуваме за одржување лидерска средба, рече Мицкоски.

Поврзани новости