Мицкоски: За вакво ли развеселување мислеше министерката за култура?

by Fokus

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во изјава за Дојче веле говореше за исвиркувањето на водителката во моментите кога почна да зборува на македонски јазик на прославата во саботата вечерта на плоштадот „Секндербег“ во Скопје по повод годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, истакна дека тоа е голем скандал,

„Се работи за настан платен со владини, односно државни пари. На тој настан се исвиркува македонскиот јазик, истиот тој кој Владата евтино го распродава и во преговорите со Бугарија. За вакво ли развеселување мислеше министерката за култура, кога го правдаше трошењето народни пари за вакви партиски прослави. Срамот е голем што од Владата отсуствува секаква реакција“, посочи Мицкоски.

Поврзани новости