Мицкоски за критиките за спотот: Ги разбирам СДСМ дека им е тешко да гледаат што направиле

by Frosina Fakova

Ги разбирам СДСМ и Зоран Заев дека им е тешко и мачно да гледаат што направиле изминативе три години. На 15 јули ќе видиме дали ќе се соочиме со губење или ќе добиеме гласови од спотот, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по критиките за партискиот спот за „свитканата кичма“.

– Тука да понудиме практично алтернатива на кое што го стори СДСМ изминативе три години со сите оние понижувања, лаги, невистини, конструкции, криминал, корупции, Луи Витон ташни, трас, трас судски одлуки. Гледаме таму како еден поранешен функционер од Владата предводена од СДСМ како купчиња си реди слободно во чанта. Тоа е она што е тешко да се гледа и на тоа се губат гласови, а инаку ова е реалноста што ни ја најави Зоран Заев дека треба да си ја свиткаме кичмата. Но, среќа е, не треба граѓаните да губат надеж. Има алтернатива и свитканата кичма ќе остане само запаметена по времето на Зоран Заев. Во иднина ќе имаме гордо крената глава, вели Мицкоски во интервју за МИА.

Поврзани новости