Мицкоски за „Фокус“: Ударот беше јак!

by fokus 22:36
22:36

Ударот беше јак. Возилото кое не удри не е во возна состојба – за ,,Фокус” раскажува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој вечерва доживеа сообраќајна незгода на пат кон Прилеп.

Сепак, и покрај немилата случка, тој се појавил пред граѓаните каде имал обраќање на тема политики кои ги планира неговата партија во регионот на Прилеп.

- Advertisements -

-Добар сум, возилото не удри странично… Во тој момент јас гледав во телефонот и ја удрив малку главата, ама добар сум! –појаснува Мицкоски.

На прашањето дали возачот е легитимиран, со оглед на тоа што повеќе медиуми објавија дека се работи за непознато возило, тој вели дека ништо не знае, но и дека не се сомнева дека случајот има некаква позадина.

-Не верувам дека беше намерно. Околу идентитетот на возачот, односно неговото легитимирање, ништо не знам. Веднаш се префрлив во друго возило и тргнав на настанот во Прилеп. Не отидов на лекарски преглед потоа, иако ме советуваат да се проверам, ќе видам што ќе правам, но не сакам да се прави фама од ова – ни изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Вики Клинчарова

Поврзани новости