Мицкоски: Во моментот нема да критикуваме, ќе оставиме за подобри времиња

by Fokus

Лидерот на опозициската партија, Христијан Мицкоски по денешната лидерска средба истакна дека за првпат сите лидери едногласно се согласиле дека здравјето на граѓаните е пред се.

„Едногласно донесовме одлука дека мора да има одложување на изборите. Наш став е да се почитуваат Уставот, а потоа да се почитуваат законите. Имаше предлог да се свика Собранието како некогаш во минатото, но тоа не е исто сега. Според нас, потребно е по лидерската средба да се формира експретски тим која ќе донесе правна основа како овие избори би се одложиле, а потоа како да се закажат – вели Мицкоски.

Тој истакна дека бараат кризна состојба од 30 дена на целата држава, но не прогласување на вонредна состојба, затоа што законски не постои таква можност.

Мицкоски вели дека во моментот нема да критикуваат, тоа ќе го остават откако ќе помине оваа тешка ситуација за Македонија.

 

Поврзани новости