Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е на терен, нема да политизираме!

by Fokus

ВМРО-ДПМНЕ е на терен, структурите на партијата се на терен, но како што кажав и во текот на вчерашната прес-конференција, од тоа нема да правиме дневен Пи-ар, нема да политизираме, нема да правиме маркетинг. Ние сме народна партија, ние сме браникот на Македонија и ние сме таму каде што е потребно со оние ресурси кои што ги имаме на располагање се разбира ќе помагаме онаму каде што ќе биде најпотребно, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од денешната посета на Прилеп одговарајќи на новинарско прашање дали помошта на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи и во наредниот период.

Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ останува на терен, додавајќи дека ги става на располагање сите потребни ресурси за помош на граѓаните, заблагодарувајќи им се на сите доброволци, пожарникари и армијата за својата пожртвуваност и справување со огнената стихија.

Поврзани новости