Мицкоски: Власта увезува јаглен зашто машините се потопени од дождот

by fokus

АД ЕСМ (ЕЛЕМ) ќе увезува јаглен зашто депониите со јаглен во РЕК Битола се празни, од причина што машините за ископ се потопени поради дождовите, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Не копаме јаглен, а ни ја продаваат приказната во јавноста дека ќе увезуваме јаглен од Косово и еве го тендерот. Според него, вкупно бараат милион и двесте илјади тони, триста илјади за РЕК Осломеј, деветстотини илјади за РЕК Битола, тоа значи дека за да еден ден работи РЕК Осломеј како што е инсталиран се потребни 300 камиони јаглен за да тој работи, а во Битола таа потреба е три пати поголема, во Битола требаат најмалку 1000 камиони на дневна основа, само за еден блок да работи му се потребни 500 камиони – рече Мицкоски на Сител.

Тој посочува дека за да се исполни она кое власта сака да го направи со увоз на јаглен се потребни најмалку 1300 товарни возила секој ден во следните три месеци, за што, истакна тој, премиерот Зоран Заев најави дека се обезбедени 50 милиони евра од Буџетот.

-Од каде се овие 50 милиони евра од џеб ги дава Заев, тоа се пари на граѓаните, а вели дека обезбедил од Буџетот, кој тоа обезбедил, од несовесно работење ја доведоа компанијата да се дават рударските машини, да нема ископ на јаглен во Битола и да мора да увезуваме јаглен и сега тој вели имаме 50 милиони, не, имаат граѓаните, нема тој, тоа се нивни пари – посочи Мицкоски.

Поврзани новости