Мицкоски: Владата нека го истури сиот гнев кон мене, само да го зачуваме јазикот и идентитетот

by fokus

Јас уште во октомври месец кажав дека има дополнителни барања и дека тие барања се формулирани како нон пејпер, патоказ или анекс и тогаш бев прогласен дека ширам лажни вести, вели Христијан Мицкоски во денешното интервју во Централниот дневник на ТВ Сител, за дополнителните 12 барања од Бугарија.

-Нека го истурат сиот гнев и Заев, и Османи, Димитров кон мене јас сум подготвен да го прифатам само да го зачуваме јазикот и идентитетот. Еве јас сум тој кој што е виновен за се во оваа држава, не е проблем ќе го прифатам сето тоа, само жалам тоа што го зборувам е вистина. Тоа го кажа и потпретседателот на владата во соседна Бугарија, тоа го кажа и министерката за надворешни работи во соседна Бугарија дека има дополнителни 12 барања и сега што правиме? Зошто македонската јавност тие барања не ги виде, не заслужуваме? Зошто во јули не излегоа на избори да речат ние сме подготвени да потпишеме дополнителен нон пејпер, или анекс на договор со Бугарија кој што ќе опфати тоа и тоа, додава Мицкоски.

Поврзани новости