Мицкоски: Владата не заслужува датум за преговори, ама граѓаните и државата заслужуваат

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва по посетата на Кисела Вода, изјави дека Македонија треба да добие чиста датум за почнување на преговори, иако Владата тоа не го заслужува.

-Очекуваме се разбира тоа што цело време го зборуваме да добиеме чиста дата за отпочнување на преговори со ЕУ. Иако ќе кажам оваа влада најмалку го заслужува, сепак граѓаните на Македонија тоа го заслужуваат и нашата држава тоа го заслужува. Се што е надвор од тоа да биде чист датум за отпочнување на преговори ќе биде неуспех за оваа влада и голем неуспех и делегитимирање за политиките на Зоран Заев и коалицијата која што ја предводи Зоран Заев, рече Мицкоски.

Поврзани новости