Мицкоски: Владата е фатена во лага, во Финска историјата е задолжителен предмет

by Фокус
Владата е фатена во лага, во Финска историја е задолжителен предмет за сите ученици во основно и во средно училиште, објави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, споделувајќи реакција од македонско-финското здружение кон најавените реформи во образованието, со кои се предвидува спојување на историјата со други предмети.
„Во основата на новата наставна програма во Финска значењето на историјата и историските вештини се уште повеќе засилени и зацврстени“, напиша Мицкоски на фејсбук, откако Владата го споменуваше финскиот модел во контекст на домашните образовани реформи.

Поврзани новости