Мицкоски: Вице Заев се состанувал со еден од обвинетите во „Рекет“, сигурно не разговарале за романи или поезија

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција порача дека „рекетирањето станало семејна работа“, додавајќи дека братот на Зоран Заев, Вице се состанувал со еден од обвинетите во случајот „Рекет“.

„Сигурно не разговарале за романи или за поезија. Претпоставувам дека тема на разговорот биле бизнис интереси и бизнис зделки, меѓу кои неминовна тема сигурно била и случајот „Рекет“. Гледаме дека осомничената, односно притвореничката Јанева одела во резиденцијата на претседателот на владата. Сигурно таму не се среќавала со некој од обезбедувањето, претпоставувам се среќавала со Зоран Заев, претпоставувам дека тема на муабетот биле разговори поврзани со случаи од СЈО“, рече Мицкоски.

Поврзани новости