Мицкоски: Ви ветувам, една од првите точки на влада на ВМРО ќе биде ГА-МА

by Фокус

Ви ветувам дека една од првите точки кои ќе ги разгледа новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде штетниот договор за ГА-МА, за кој владата на Макпетрол му исплати 33 милиони евра, најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Според него, станува збор за штетен договор и затоа, рече тој, ќе има одговорност.

„И бидејќи гледам дека раководството на Макпетрол ме споменува, ќе им испратам и ним порака, исто како и на луѓето од власта, никогаш не ми била целта да влијаам или да ја диригирам уредувачката политика на Телма Телевизија како што тврдат во своето соопштение, тоа го оставам на Заев. А ако имаат доказ за овие нивни тврдења јавно ги повикувам да ги објават, во спротивно стануваат телевизија на лажни вести и цензори на вистината“, напиша Мицкоски на фејсбук.

Претходно, од Макпетрол соопштија дека државата купила функционален гасовод по реална цена и истовремено го обвинија Мицкоски се обидувал да влијае врз уредувачката политика на Телма

„Ги прашуваме пратениците од опозицијата, ако се толку многу загрижени за граѓаните во нашата држава, зошто експресно и без дискусија беше изгласан Законот за финансирање на политичките партии од буџетот на РСМ? Дали тука водеа сметка за парите и за потребите на граѓаните или за своите лични интереси? Јавноста во Државата треба да знае дека говорот на омраза и навредите упатени кон МАКПЕТРОЛ, ТВ ТЕЛМА и нивното раководство од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се последица на неостварената желба на нивниот лидер да влијае врз уредничката програма на ТВ ТЕЛМА“, велат од Макпетрол.

Поврзани новости