Мицкоски вети раст на БДП од над 4 отсто годишно, невработеност под 10 отсто и рамен данок од 8 отсто

by Фокус

Имаме многу нерешени проблеми и свесен сум дека многу од работите се последица на една системска негрижа присутна 29 години, но сето тоа кулминира последните 3 година, иако ветувањата беа поинакви, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој најави низа мерки и проекти доколку формира влада после изборите на 12 април.

– Ќе пораснат платите за минимум 25 отсто во следните 4 години. Тоа ќе значи повеќе пари за работниците или во просек за 6.500 денари повеќе од платата која што ќе биде исплатена просечна во државата во декември месец 2019-тата година. Ќе се бориме жилаво за силен економски стандард за секој еден работник.Се обврзуваме за обнова која ќе овозможи зголемување на просечната пензија на пензионерите за минимум 20 отсто во еден мандат или тоа ќе значи повеќе од 3.000 денари повеќе за секој еден пензионер. За повеќе пари, за повеќе достоинство на пензионерите – рече Мицкоски.

Тој вети и намалување на невработеноста до ниво од под 10 отсто, нула денари персонален данок за младите до 29 години, воведување на рамен данок до 8 отсто…

-Веќе водиме разговори со неколку големи европски компании кои се одвратени поради корупцијата, беззаконието и лошата бизнис клима во овие три години да инвестираат во државата. Чекаат и тие поволна клима после 12-ти април да започнат со инвестирање.Се обврзуваме за обнова која ќе донесе раст на БДП за минимум 4 отсто годишно. Се обврзуваме за обнова која ќе донесе повеќе пари за бизнисот, помалку давачки и бирократија. Ова значи намалување на парафискални давачки за фирмите кои што се резултат на анализата и средбите со стопанските комори и стопанствениците – порача лидерот на ДПМНЕ.

Поврзани новости