Мицкоски: Тунелот на Шилегов завршува во дневна соба

by fokus

Единствено нешто за кое се грижи Петре Шилегов е зголемување на својот личен имот, а лагите за тунелот под Кале, Луна паркот и мостот кој завршува во нечија дневна соба, покажува само дека аматеризмот на Шилегов е поголем од неговото неработење, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на митингот во Центар.

-Сообраќајниот хаос е последица на тоа што градот Скопје престана да се развива. Скопје 4 години се дави во смет, во хаос, бетон и лажни надежи на градскиот татко. Единствено каде вистински се потрудија градоначалниците од власта е во нивната трка за зголемување на личниот имот, каде Шилегов е шампион – посочи Мицкоски.

Тој додаде дека вистинското решение за Центар е професорката Наташа Котлар, која, според него, е одмерена и паметна жена.

-Во нејзе знаете дека имате поддршка за вашите потреби, човек кој е надвор од секакви пактови со нечесни бизнисмени, задни намери во политиката, човек кој домаќински ќе управува со вашите пари. Жена со интегритет, жена која има принципи – вели Мицкоски.

Тој порача дека Котлар одбрала да се бори кога, како што рече, многумина се повлекле.

рофесорката Котлар одбра да се бори, кога морам да признам многумина се повлекуваа. Така е и денес за Центар, одбра да се бори кога многумина викаа дека е невозможно да се добие довербата зошто Центар бил упориште на власта. Котлар покажа дека Центар гласа независно од се друго – рече Мицкоски.

Поврзани новости