Мицкоски: Трчаме заедно со народот, да ја спасиме нашата земја од пепелот кој го оставаат!

by Fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот 29-ти роденден на партијата, порача дека и покрај сите премрежја и тешки моменти, Македонија е жива, а ВМРО е чува на оваа земја.

„И има приказни кои траат долго, и тоа е така затоа што оваа наша приказна има идеологија, цврста арматура во која кодот е ВМРО, а целта на нашето постоење е нашата Македонија. И еве не тука 29 години, по сите премрежја и се она што го минавме особено последниве години, ВМРО-ДПМНЕ се крева. И не само што сме на нозе, туку брзо чекориме, трчаме заедно со народот, да ја спасиме нашата земја од пепелот кој го оставаат. Да изградиме иднина, да го фатиме чекорот со другите од соседството кои не поминаа. Но не само да ги стигнеме, туку и да бидеме подобри. Затоа што оваа земја мора по сите порази и сите неразбрани трговци влезени во политиката да почне да победува. А победата не е нешто недостижно. Потребно е да се има сон, мотив и чест. Тоа го имаше пред 29 години и Драган Богдановски, човек со визија кој ги постави темелите на она што е ВМРО ДПМНЕ денес“, порача Мицкоски.

Поврзани новости