Лидерската средба е пресериозна тема за да се разговара преку медиуми – вели премиерот Христијан Мицкоски за најавите на лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче дека ќе упати повик за лидерска средба во Собранието. Мицкоски вели дека од тоа што го разбрал во јавноста е дека Филипче има некаков план или предлог и оти сериозните теми бараат сериозен пристап.
Тој може да го соопшти тој план преку прес-конференција, но, доколку цени дека и мене претходно треба да ме информира и запознае, јас сум секогаш тука. Сериозните теми бараат сериозен пристап“, рече Мицкоски.
Претходно, вчера, министерот за здравство Арбен Таравари рече дека тој лично не знае што би правеле на лидерска средба кога институциите беспрекорно работат и оти тоа би било само губење време.