Мицкоски: Со Заев немам комуникација, не гледам зошто би градел односи со Пендаровски

by Фокус

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави дека уште во 2019 година, кога почнаа да доаѓаат сигнали од Софија за можна блокада, побарал од државниот врв да се изгради национален консензус во однос на комуникацијата со Бугарија и процесот на интеграција во ЕУ.

-Тогаш ми велеа нема потреба од тоа Христијан. Тоа е поради локалните избори во Бугарија. Затоа сега не знам за што би можеле да разговараме по тоа прашање. Зошто да разговараме – за да ми кажат дека Бугарија не блокираше – рече Мицкоски.

Тој додаде дека 17 пати барал лидерска средба, но дека сега веќе не гледа причина зошто би разговарал со премиерот Зоран Заев или со претседателот Стево Пендаровски.

-Јас немам комуникација со Заев. А, ако Пендаровски решил да му слугува на Заев и да прогласува вонредна состојба кога нему му одговара, јас не гледам зошто би градел добри односи со него – истакна Мицкоски.

Поврзани новости