Мицкоски: Со Заев го одложивме пописот за да спасиме што повеќе човечки животи

by Фокус

Ден пред разговорот со Метју Палмер, го повикав Зоран Заев на лидерска средба, имајќи ја во предвид ситуацијата во државата, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на ТВ 21.

-Јас со Палмер се слушнав наредниот ден петок и разговаравме за повеќе теми, кои што се актуелни во земјата, како ковид-пандемијата, законот за државјанство, пописот, односите со Бугарија – потенцира Мицкоски.

Тој додаде дека на лидерската средба со премиерот Зоран Заев двајцата одлучиле да го одложат пописот за да спасат што повеќе човечки животи.

-Успеавме на момент да влееме доверба кога политичарите можат да бидат надвор од нивната матрица – посочи Мицкоски.

Поврзани новости