Мицкоски: Со новата методологија, ЕУ во секое време ќе може да се навраќа на некое поглавје

by Фокус

Реверзибилниот процес може да биде од објективни причини доколку не сте добри и не го испорачувате тоа што сте го договориле или од субјективни ако некои земји членки испорачаат кон вас некои субјективни барања кои вие во тој момент не сте подготвени да ги прифатите, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, коментирајќи го нон-пејперот што го предложи Франција за нова методологија за членство во ЕУ.

-Ние сега имаме само рамка која дополнително треба да се доуредува што значи дека ќе почне процес на внатрешна дебата во ЕУ. Кога тој процес ќе заврши не знаеме дали оваа, следната или годината потоа. Да претпоставиме дека во најскоро време ќе биде утврдена и суштината и имаме методологија. Тоа значи дека ние ќе имаме реверзибилен процес, што не беше случај порано. Со нова методологија во секое време ќе може да се наврати ЕУ на некое поглавје – рече Мицкоски.

Тој смета дека искуството во Албанија покажало дека ветингот имал позитивни резултати и ефекти.

-Суштината е како да обезбедиме независно судство и независно обвинителство. Вие не можете да обезбедите независно судство ако премиерот се дрзнува да интервенира кај коалицискиот партнер да ургира кај определени судии, обвинители за определени пресуди или определени кадровски одлуки. Ветингот тоа не може да го спречи, туку треба вие како голем политичар, како висок политичар во државата да сте свесни дека таков начин на однесување не е примерен и не треба да се случува – рече Мицкоски.

Тој посочи дека информациите за нови систематизации во МВР говорат дека, според него, власта се плаши од изборите.

Поврзани новости