Мицкоски: Следната влада нема да ја почитува безвредната хартија што ќе ја потпишете

by Фокус

Опозицискиот лидер Христијан Мицкоски вечерва истакна дека договори потпишани набрзина не се решение, туку претставуваат проблем за иднината на Македонија во рамките на Европската унија.

-Тоа за жал не успеа да го види Зоран Заев. Денеска наместо решение, истото тоа претставува проблем. Само политички аматер може да потпише договор во кој што критериум за напредокот на Македонија и нејзината интеграција во ЕУ ќе бидат лингвистичките проблеми и проблемите со историја – рече Мицкоски.

Тој повика на масовен протест утре во 12:30 часот.

-Немојте да се дрзнете да се откажете од македонското малцинство кај нашиот источен сосед зашто таа хартија која вие ќе ја потпишете е безвредна. Следната Влада која ќе биде Влада на единство, истатата парче хартија нема намера да ја почитува – рече Мицкоски.

Поврзани новости