Мицкоски, Села и Гаши едногласни: Одиме на победа!

by Fokus

ВМРО ДПМНЕ и коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива ја официјализираа соработката за претстојните локални избори.

Лидерите на Алијансата на Албанците, Зијадин Села, и претседателот на Алтернтива, Африм Гаши, денеска се сретнаа со првиот човек на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Со цел што подобро да се артикулира опозицискиот глас, како и да се претстават најдобро интересите на сите граѓани на локално ниво, тројцата претседатели, истакнувајќи ги овие начела, се одлучија за взаемна соработка и поддршка на кандидати за градоначалници. Соработката подразбира дека споменатите партии нема да кандидираат градоначалници во одредени општини и ќе се поддржуваат меѓусебно, а во други општини ќе се натпреваруваат со сите други партии, соопштија од партиите.

Поврзани новости