Мицкоски: Рушењето на оваа власт нема да биде ниту лесно, ниту брзо

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во вечерашното гостување во емисијата „Јади бурек“ рече дека крајната цел на ВМРО-ДПМНЕ е рушење на оваа власт.

-Јасно ја гледам таа крајна цел. Тоа го покажуваат и анкетите. Тоа го покажуваат и средбите со граѓаните на терен, дека ВМРО-ДПМНЕ цврсто стои на нозе повторно и дека ВМРО-ДПМНЕ граби кон вистинската траекторија и тоа е до конечно рушење на оваа ненародна и анационална власт која што во моментов за жал на Македонија и на граѓаните на Македонија ја води владата. Но, тој пат повторно ќе кажам ниту ќе биде лесен, ниту брз, ниту едноставен, вели Мицкоски.

На прашањето зошто ВМРО-ДПМНЕ не делува порадикално, Мицкоски рече дека по патот треба да се чекори мудро, анализирајќи го секој чекор.

Поврзани новости