Мицкоски прозборе албански: Го разбирам јазикот, нема ништо лошо во тоа

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва беше на интервју на телевизија Алсат М, каде водителката му ги поставуваше прашањата на албански јазик, тој имаше превод и потоа одговараше на македонски јазик.

При едно објаснување од водителката, тој и возврати со „по“, што на албански значи „да“. По ова, водителката го праша дали знае албански.

-Разбирам да. Нема ништо лошо во тоа. Познавањето на различни јазици може да ве направи само подобар човек, одговори Мицкоски.

Поврзани новости