Мицкоски продолжува со кампањата низ Македонија: Со ваква Влада нема во Европа

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска продолжи со својата кампања со посети на градови и села низ Македонија. На овие средби со граѓани тој оди сам, без кандидатката за претседателка Гордана Силјановска Давкова.

-Бев во Бразда, Чучер Сандево. Граѓаните се незадоволни. Со оваа влада нема ниту е, од економија, ниту р, од реформи. Зголемија даноци, зголемија акцизи на горива и поскапеа бензини. На пензионерите им укинаа зголемување на пензии, и нема нови покачувања. За две години ниту плати покачија, ниту пензии зголемија. А Странските инвестиции чиста нула. Нема фабрика која ја отворија, нема камен темелник кој го удрија. Кажуваат некои бројки на странски фабрики кои се отворија, а не ги кажува имињата. Еве го повикувам Заев нека каже кои фабрики ги отворија, по име точно да каже? Нема такви. Една голема нула имаме во економијата. А земјоделието е посебна приказна. На земјоделието му се случи вистински погром, Заевизам му се случи. Трудот не им се исплаќа на земјоделците. Субвенциите доцнат, зелена нафта нема. Е вака нема во Европа, вели Мицкоски.

Поврзани новости