Мицкоски пред Влада: Епа види Заев дали ќе не прекршиш или ќе бидеш прекршен

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг пред Владата најави победа на нивниот кандидат за претседател, а потоа и на предвремени парламентарни избори.

-Велеше не распишува предвремени парламентарни избори за да не не прекршел. Епа види Заев дали ќе не прекршиш или ќе бидеш прекршен. И на 21 април и на предвремени парламентарни избори. Македонија е разбудена. Цела Македонија е тука, Македонија е на нозе и е подготвена да победи. Овде пред мене јас не гледаме сурати како што би кажал еден човек којшто сака да биде претседател. А, со него се слагаат овие внатре, скриени во овие згради кои сега со начучулени уши убаво да чујат дека насекаде има горд и убав народ. Потребна е казна за сите неправди, за сите погрешни политики, рече Мицкоски.

Поврзани новости