Мицкоски повикан во полициска станица за настанот на “Боемска”

by fokus 10:24
10:24

Лидерот на ВМРО -ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е повикан денеска во полициската станица Центар.

Од МВР за Фокус потврдија дека лидерот на опозицијата е повикан во полиција за случајот што се случи на почетокот на месецов, кога инспекторите го фатија како седи во внатрешноста на кафана во Дебар маало иако тоа беше забрането поради ширење на заразата со Ковид 19.

- Advertisements -

Претходно беше најавено дека против Мицкоски ќе биде поднесена прекршочна пријава за овој случај. Минатата недела во полиција беше повикан директорот на ФЗОМ, Ден Дончев за објавените “бомби”.

Ф.Ф.С.

Поврзани новости