Мицкоски повика на протест во одбрана на „црвените линии на идентитетот“

by Фокус

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повика на протест со автомобили утре од 18 часот од салата Борис Трајковски до Владата, во, како што рече, одбрана на црвените линии на нашиот идентитет.

„Протест сега, за да не биде предоцна. Ако нашите дедовци од 1941 до 1944 година се бореле против „администрација” како што манипулира Заев, тогаш тоа нив ги прави „терористи” и „престапници”, а не ослободители. Не! Нашата слобода е дело на народната борба против окупаторот, со многу жртви, падови и победи. АСНОМ е вториот Илинден, а Народноослободителната борба е дел од европската борба за слободни народи, пишува Мицкоски“, напиша Мицкоски на фејсбук.

Ова доаѓа како реакција на денешното интервју на премиерот Зоран Заев за БГНЕС, кој истакна дека Бугарија не е фашистичка држава, а периодот во Втората светска војна не го нарече окупација, туку администрирање.

Поврзани новости