Мицкоски: Повеќе сум песимист отколку оптимист за почеток на преговори со ЕУ

by fokus 22:54
22:54

Ние немаме апсолутно никаква информација од страна на надлежните за тоа што во моментот се случува, дали течат преговорите, на кој начин се вршат тие преговори за евроинтегративниот процес, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на Рома Њуз.

-Од тоа што можам да го заклучам, во овој момент повеќе сум песимист, отколку оптимиста дека сега на крајот од јуни месец со завршувањето на Португалското претседателство, ние ќе ја добиеме датата, би рекол, за одржување на првата меѓувладина конференција. Затоа што јасна е пораката од страна на дипломатите во Брисел дека во овој момент нема позитивен одговор од сите земји членки на Европската Унија, а таму одлуките се носат со консензус – изјави Мицкоски.

- Advertisements -

Тој смета дека премиерот Зоран Заев ги урнал преговарачките позиции на државата.

-Првата работа е кога Зоран Заев ја отвори Пандорината кутија и кога одлучи на сметка на националните интереси, државните интереси да тргува, да се пазари со нашите соседи мислејќи дека на тој начин ќе го одблокира евроинтегративниот пат, тој не беше свесен дека на тој начин ги урива сите преговарачки позиции кои што се создавани со години и дека кога еднаш ќе ја отворите Пандорината кутија многу тешко ќе ја затворите таа Пандорина кутија – посочи Мицкоски.

Поврзани новости