Мицкоски: Поразен е арамилукот!

by Fokus

Предвремените избори се неминовни по она што се случуваше во земјата, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по лидерската средба што вечерва се одржа во вилата „Водно“ на иницијатива на претседателот Стево Пендаровски.

„Изборите се неминовност по оној дебакл. Поразени се арамилукот и сите афери. На тие избори победува обновата на Македонија и не чека работа секој ден, за да можеме да го постигнеме замисленото. Ќе понудиме реформски закони, затоа што мора од некаде да почнеме. Потребно е да дојдат луѓе кои пеколно ќе работат за нашитеграѓани. Ревизионизам нема да биде политика на ВМРО-ДПМНЕ. Јас го охрабрувам обвинителството и судството да работат независност и не треба да има заштитени професии во оваа земја. Мене никогаш на памет не ми паднало да штитам криминалци. Ќе се преиспита потеклото на имотот на сите политичари, сегашни, поранешни. Што се однесува до цинизмот на Шекеринска, тоа мене ме мотивира да продолжам со политиките. Треба да бидеме политичари кои ќе гарантираат модерна иднина за нашите граѓани“, истакна Мицкоски.

Поврзани новости