Мицкоски: Поранешни пратеници не може да поднесат иницијатива

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното интервју во емисијата 360 степени рече дека Собранието не може повторно да се свика и тоа би било противуставно.

-Се наоѓаме во една многу деликатна ситуација кога имаме поранешни пратеници, и тоа не го говори само ВМРО-ДПМНЕ, туку и професори како Климовски, Силјановска, Каракамишева…
Поранешни пратеници не може да поднесат иницијатива. Тоа би било преседан и кршење на Уставот. Точно е дека ние имаме интерес да има систем на контрола на  власта, но не на овој начин.
Што е целта што власта сака противуставно да се свика Собранието? Првата е онаа што ја кажуваат, да се потврди вонредната состојба. Втората теза е дека сакаат да наметнат датум за избори. Можеби е некоја трета цел. Но, полека на сигурно преоѓаме во една кризна состојба, смета Мицкоски.

Поврзани новости