Мицкоски побара оставка од Заев, Спасовски и Дескоска

by fokus

Откако од затворската полиција не му беше дозволено на Христијан Мицкоски да го посети Миле Јанакиески во болницата ГОБ „8 Септември“, тој побара оставка од премиерот Зоран Заев и од министрите Спасовски и Дескоска.

-Рацете на Зоран Заев се крвави и не постои вода, во периодов што следи, да ги испере. Срамота! И ако е ова примерот на демократските институции, ако ова е животот кој што се донесе во Република Македонија, нека им служи на чест. Граѓаните на Република Македонија ова нема да го заборават и за сите овие злодела ќе ги казнат насилниците и сторителите. Уште повеќе ме загрижува фактот што никој не најде за сходно да излезе и да ја признае грешката пред македонската јавност, преку ефтин ПР се втурнуваат луѓе во дополнителни проблеми, во дополнителна жива кал, да правдаат нешто со изговори кои што не постоеле, рече Мицкоски.

Поврзани новости