Мицкоски: Пасошите уште се кај мафијашите, може некој и сега прави криминал

by Фокус

Пасошите кои МВР им ги издавало на мафијашите сe уште се активни и сe уште се користат, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во вечерашното гостување во Клан ТВ.

– Јас не слушнав некој да каже веќе неколку дена дека тој пасош е непостоечки, можеби тој човек сe уште го користи тој пасош или таквите како него кои се стекнале со македонски пасоши, може направиле некое кривично дело во меѓувреме под тие пасоши и под тој идентитет, практично можат да прават кривични дела – рече Мицкоски.

Тој додаде дека пасошите се издадени во време кога Оливер Спасовски е министер за внатрешни работи.

Поврзани новости