Мицкоски: Ова нека биде година кога доброто ќе го победи злото, паричката се падна кај мајка ми

by fokus 11:49
11:49

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на литургијата по повод Божик во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. По завршувањето на литургијата тој го честиташе Божик, но исто така посака на сите граѓани годинава да им биде поуспешна и да биде година на обединување.

-Да биде година, како што кажаа и во честитката од Македонската православна црква, кога доброто ќе го победи злото, година кога ќе се радуваме наместо да тагуваме. Година која очекувам да биде победничка, како што тоа го кажа, и би рекол поглаварот на МПЦ, година кога ќе почнеме повторно да се почитуваме едни со други, во којашто ќе излеземе од секојдневните проблеми што ни се случуваа работите во 2020 година, тука пред се, мислам на пандемијата и ефектите на пандемијата врз сите други области во државата, рече Мицкоски.

- Advertisements -

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека во нивниот дом паричката се паднала кај неговата мајка бидејќи традиционално Бадник го одбележувале со неговите родители.

Поврзани новости