Мицкоски од Македонска Каменица: Имаме премиер кој бега од дебата

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва ја посети Македонска Каменица, при што одржа средба со членовите на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

-Имаме премиер кој бега од дебата, а бега затоа што владата ветуваше докторска плата од 1500 евра, но нема ништо од тоа. Капитацијата што им ја ветуваа на матичните лекари им ги изедоа трошоците на владата за набавка на жардињери и цвеќиња, па нема зголемен бод. За младите ветуваа студентски град, нови објекти, квалитетно образование, но нема ништо и од тоа. Повратот на ДДВ доцни, зголемените даноци ќе ги зголеми трошоците за бизнис. Домашното стопанство е во криза, а животот на земјоделците е потежок од кога било, порача Мицкоски од Каменица.

Поврзани новости