Мицкоски од Куклиш: Македонија е создадена како земја на среќни луѓе!

by Fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со жителите на Куклиш, пред вториот круг на претседателските избори.

Тој оттаму порача дека ќе направат се, за да обезбедат заедничка среќа на граѓаните на Македонија.

„Куклиш се крева над неправдите. Македонските земјоделци се достоинствени луѓе кои не го прифаќаат потценувањето на власта. Куклиш е место на честити луѓе домаќини кои бараат промени, кои го бараат она што им следува, стабилност, почит и поддршка од државата каква што заслужуваат за нивната мака и труд. Македонија е создадена како земја на среќни луѓе и нашата борба е да ги зачувуваме луѓето тука во нашиот дом и да направиме се за да ја обезбедиме заедничката среќа. Ќе успееме, заеднички, обединети и силни“, истакна Мицкоски.

Поврзани новости