Мицкоски: Од каде да знаеме дека потписот на Јанева за предавање на предметите не е фалсификуван?

by fokus

Во интервју за најновиот број на неделникот „Фокус“ претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го отвора и прашањето за веродостојноста на дописот кој Катица Јанева го испрати од притвор за предавање на сите предмети на СЈО на ОЈО.

-Ова што го направи Катица Јанева од притвор е незаконски, зашто тој допис прво треба да биде прегледан од судија, заверен од нотар. Од кај знаеме дека тоа е нејзиниот потпис. Може некој го фалсификувал. Од кај знаеме дека Катица Јанева го пишувала тој допис? Сето тоа го контаминира процесот на доставување на случаите до јавниот обвинител. Ние предлагавме со одредби од закон тоа да биде дефинирано. Јас сега ќе ви го цитирам членот 60 од Законот за јавно обвинителство. Став 1 – јавниот обвинител се одалечува од вршење на функција за времето додека се наоѓа во притвор. Завршена работа, вели Мицкоски.

Целото интервју прочитајте го во печатениот Фокус или купете го во електронски формат на овој линк.

Поврзани новости