Мицкоски од Битола: Додека Заев седи насмеан, го тапкаат по рамо и ужива во тие пет минути слава, историјата ќе суди

by Fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот собир во Битола против промената на името истакна дека тој го слуша гласот на народот.

„Го слушам гласот на народот, а тие викаат поведете ме. Ние ќе бидеме глас на огромното мнозинство граѓани кои викаат „Доста е“, „Премногу е“. И ние таа задача ја прифаќаме сериозно и со цел памет. Беспарицата, невработеноста, лошите здравствени политики, луѓе кои масовно ја напуштаат земјата. Тоа го гледаме од сегашните лоши политики. Се соочуваме со предавство и капитулација, а тоа е договорот за промена на нашето вековно име. Додека тој седи насмеан и задоволен и го тапкаат по рамо дека завршил голема работа и ужива во тие пет минути слава, историјата ќе суди. Ние во еден глас да му порачаме „Македонија“. Тоа е нашето име браќа и сестри. Име што се изговара со внимание и силна енергија. Нашето име е големо. Тоа е она што бевме, тоа е она што сме и тоа што ќе бидеме. Горди Македонци. Македонија останува нашата иднина – истакна Мицкоски.

 

Поврзани новости