Мицкоски: Очекувам во среда да биде распуштено Собранието

by Fokus

Очекувам во среда да биде распуштено македонското Собрание, како што беше договорено. Како што се договоривме на состанокот кај претседателот на државата Стево Пендаровски. Очекувам сите политичари да си стојат на договореното, изјави денеска во Кавадарци  лидерот  на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Мицкоски беше во Кавадарци како дел од теренските партиски активности. Се сретна со претставници на Регионалната Стопанска комора.

– Ги презентиравме дел од мерките што ќе бидат опфатени во програмата ,,Обнова за Македонија” за предвремените парламентарни избори. Посебен акцент ставивме на  мерките што подразбираат намалување на персоналниот данок. Разговаравме и за  целите на макроекономски план, стратешките приоритети што ќе бидат на Владата на ВМРО-ДПМНЕ  веднаш по победата на изборите, рече Мицкоски.

Нагласи дека како повратен ефект добиле поздравувње на овие и други најавени мерки. Состанокот го оцени како исклучителен и корисен.

Поврзани новости