Мицкоски: Очекувам да биде избран обвинител којшто ќе биде заштитник на правдата, а не заштитник на владата на СДСМ и ДУИ

by Fokus

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека очекува да биде избран јавен обвинител кој ќе биде заштитник на правдата, а не, како што рече, „заштитник на владата на СДСМ и ДУИ“. При посетата на Неготино, премиерот беше прашан зошто не е задоволен од обвинителот Љупчо Коцевски и како ги коментира обвинувањата од СДСМ дека се партизира правосудството.

„Тоа што СДСМ го брани Коцевски и ДУИ е главна причина, главен услов, ние да работиме спротивно на тоа. Тоа значи дека имаме опструиран, партизиран целосен систем, што има за цел да биде последниот браник, последниот штит на владата што пред повеќе од осум месеци замина во историјата на македонската политичка сцена, а тоа е владата на СДСМ и ДУИ, иако тие заедно со Левица, функционираат исклучително одлично и ефикасно во опозиција и мислам дека уште долго време така и ќе продолжат да функционираат како коалиција, одговори Мицкоски.

Премиерот рече дека очекува целиот процес да заврши „брзо и ефикасно“.

„Довербата е два, три проценти. Така што, јас очекувам овој процес брзо и ефикасно да заврши и да биде избран обвинител којшто ќе биде заштитник на правдата, а не заштитник на владата на СДСМ и ДУИ, рече Мицкоски.

Поврзани новости