Мицкоски: Обични службеници добија минимални казни за да се заштити криминалот на власта во аферата „Мафија“

by fokus

Обични службеници добија минимални казни за да се заштити криминалот на власта во аферата „Мафија“, над 200 криминалци се уште имаат непоништени македонски пасоши, реагира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ по пресудите за давањето на македонските пасоши на светски криминалци.

-Кога ја објавив аферата Мафија, Спасовски и Заев рекоа дека сум направил саботажа. Денес, кога за тоа што над 200 криминалци од Шкаљарскиот клан, турската, албанската мафија, ИСИС, италијанската ‘Ндрангета имаат македонски пасоши кои не се поништени, судството на Заев суди по само 2 години затвор, никаде ги нема да кажат збор. Затоа што овие службеници требаат да бидат топовското месо за да се заштити криминалот на власта. Договорена работа и голем срам! Одговорност ќе има веднаш по смената на власта, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Денеска беа изречени казни за петмина обвинети за случајот „Двојник“ или како што го нарече опозицијата „Мафија“. Еден обвинет доби условна казна, а највисоката казна е 2 години и седум месеци.

 

Поврзани новости