Мицкоски: Немаме дупка во извештајот, имаме само обврска која ќе ја исполниме

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски тврди дека немаат дупка од 400.000 евра во финансискиот извештај за претседателските избори туку обврска кон фирма која ќе ја исполниме, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за долгот на партијата кон фирма за печатење маици за што од владејачката СДСМ изминатиот период обвинуваа дека е прекршен Изборниот законик.

„Имаме облигација со правно лице кое испорачало услуга за ВМРО-ДПМНЕ под определи услови во кои партијата треба да ја сервисира таа услуга и воопшто ние не излегуваме надвор од таа облигација која ја имаме потпишано со таа фирма. Но, тоа правно лице не е донација од господинот Камчев туку е правно лице кое со таа дејност се занимава години наназад и во тој момент дало најисплатлива економска понуда“, вели Мицкоски.

Мицкоски соопшти дека во моментов партијата има претставници од ревизија која проверува и ги повика да ја завршат ревизијата и да ја демантираат, како што рече, лажната вест на власта.

Тој посочи дека вакви примери со затворање на изборна сметка со негативно салдо имало и на минатите избори и ги наведе парламентарните избори 2016 кога ДУИ ја затворила сметка со долг од над 2 милиони денари, како и коалицијата „ВМРО за Македонија“, на Стојанче Ангелов, Љубе Бошкоски и Љупчо Георгиевски, која имала негативно салдо од 3 милиони денари.

„И сметката на Пендаровски за последните претседателски избори е во негатива“, рече Мицкоски.

Од владејачката партија СДСМ, пак, во изминатиот период повикувајќи се извештаите, посочуваа дека е прекршен законот токму затоа што сметката за кампањата на Гордана Силјановска со долг.

Долгот на ВМРО-ДПМНЕ е за печатење маици за изборната кампања. Имено нарачале печатење на маици од фирмата „Полиестердеј“ но бидејќи оваа фирма немала доволно, купила дополнителни парчиња од МОНТ на „Орка холдинг“, на Орце Камчев.

Пред четири дена полициски инспектори влегоа во овие две фирми да ја проверат документацијата откако МВР испратило допис до скопското обвинителство за сомнителни околности во врска со финансиските извештаи на една политичка партија и дека треба да се направат дополнителни проверки за евентуални нерегуларности. Покрај двете домашни, македонската полиција, според информациите, преку меѓународната соработка проверува и една фирма во Шпанија.

Поврзани новости