Мицкоски: Нема правда, но нема и мир

by fokus

Правдата кога се заменува со политика, нема правда, но нема и мир, порачува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку својот Фејсбук профил.

-Виновници за тројното убиство во Арачиново нема. Виновници за разнесувањето на џипот на полскиот контингент на НАТО во кумановско, нема. Виновници нема ниту за петкратното убиство кај Смилковско езеро, бидејќи осудените за масакрот во случајот „Монструм“ се на слобода. За оние од Диво Насеље се бара меѓународна арбитража. Владата и Зоран Заев амнестираат криминал и убиства, додека политичкиот терор расте. Несигурноста се враќа по улиците. Кога толку многу криминалци се на слобода, а правдата недостижна тогаш е јасно дека најголемите криминалци се во владата. Постизборната платформа на албанските партии потпишана во Тирана, во која се вети слобода за сите овие случаи, како да ја пишувал некој нов Нострадамус упатен во сите овие судски процеси или судовиве сфатија колку многу е “визионерски” документот, па одлучија да го реализираат, пишува Мицкоски.

Поврзани новости