Мицкоски: Не можете вие толку да уапсите колку што ние ќе ве победиме

by fokus

Апсењето на лидер на опозициска партија на еден месец пред гласањето на претседателските избори не е ништо друго освен чин на брутален политички притисок и израз на огромен страв и паника на Заевизмот кој губи, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, откако беше уапсен лидерот на ГРОМ и поранешен градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски.

„Тоа што досега нема ниту една акција против криминал за било кој човек од оваа власт, а сепак ние остануваме држава заробена во корупција на дното во Европа покажува дека е криминална и варварска власта.

Очигледно кампањата на Заевизмот се апсења, но во исто време тоа покажува и дека Заев драматично губи кај народот.

Нема веќе страв. Не можете вие толку да уапсите колку што ние ќе ве победиме.

Доаѓа правда за сите“, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Поврзани новости